7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранскиот лидер Каменеи ги обвини САД и арапските држави за поттикнување немири во Ирак и Либан

Врховниот лидер на Исламската Република, Али Каменеи, ги повика ирачкиот и либанскиот народ да ја задржат стабилноста во своите земји во екот на масовните немири тврдејќи дека протестите се поттикнати од Вашингтон и од арапските држави.

Насилните протести во Ирак, што избувнаа во последните месеци, доведоа до забрана на социјалните мрежи и комуникациски програми, како и до воведување полициски час во повеќе градови. Демонстрантите се спротивставуваат на влошените јавни услуги и корупцијата барајќи од владата да си даде оставка.

Демонстрациите во Либан беа предизвикани од најавените даночни зголемувања кај тутунот и интернет-повиците, но продолжија дури и кога владата ги откажа овие планови. Иако протестите во најголем дел не резултираа во судири со полицијата, тие предизвикаа масовни блокади на патиштата во целата земја.

Претходно, масовните протести во Ирак доведоа до драматични судири, во кои беа убиени околу 250 луѓе, а митинзите во либанската престолнина Бејрут го принудија премиерот Саад Харири да ја објави својата оставка./Makfax

Спонзорирано: