8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица мигранти загинаа, а еден исчезна кај Канарските острови

Шпанските власти на Канарските острови соопштија дека четворица мигранти починале, а еден е пријавен за исчезнат, во време на нагло зголемениот број на мигранти кои пристигнуваат на архипелагот.

Шпанска владина делегација во Лас Палмас соопшти дека настрадале и се исчезнати мигранти од Африка, кои биле дел од група од 34 лица кои патувале со дрвен брод. Товарен брод што пловел под знамето на Сингапур спасил 29 преживеани и ги извлекол телата на четирите жртви, на 600 километри од островот.

Делегацијата соопшти дека уште 158 мигранти во два чамци стигнале до Канарските острови.Властите велат дека на Канарските острови пристигнале околу една третина од 1.440 мигранти годинава./Makfax

Спонзорирано: