17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена во Индија се самоуби бидејќи на мажот не му се допаѓал нејзиниот темен тен

Една жена (21) во Индија извршила самоубиство затоа што нејзиниот сопруг постојано ѝ префрлал за темниот тен, соопшти полицијата.

Полицијата во Раџастан покрена случај против сопругот на жената, откако таткото на девојката пријавил во полиција дека тој е одговорен за нејзиното самоубиство затоа што постојано ја понижувал поради бојата на кожата, пренесува Би-би-си.

Досега сопругот не е уапсен.

Ова не е првпат во Индија жена да се самоубие поради нејзината боја на кожа, бидејќи многу Индијци сметаат дека светлиот тен е подобар од темниот тен.

Сите овие инциденти укажуваат колку е опасна опсесијата на Индијанците со бојата на кожата.

Девојките со потемна боја на кожа уште од малечки се изложени на исмевање на училиште, на игралиште, дури и дома и меѓу роднините кои имаат посветол тен./Makfax