18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тинејџер скокнал од трактор, пренесен е во болница со тешки повреди

Шестнаесетгодишник се здобил со тешки повреди во тракторска несреќа во Берово.

Според информациите од полицијата, малолетникот се качил на трактор, го стартувал и додека тракторот бил во движење, скокнал од него, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово./Makfax