3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Демонстрантите во Хонгконг ќе одржат собир за солидарност со каталонските сепаратисти

Демонстрантите во Хонгконг планираат вечерва да одржат собир со кој ќе покажат солидарност со сепаратистите на протестите во Каталонија.

Демонстрантите од Хонгконг излегоа на улиците од јуни во знак на протест поради контроверзниот закон за екстрадиција, кој во меѓувреме е повлечен, но не се исполнети уште два нивни услова: повикот лидерката на посебниот кинески административен регион, Кери Лам, да си поднесе оставка и да се покрене истрага за полициската бруталност за време на протестите.

Во богатиот шпански регион Каталонија насилни протести избувнаа овој месец откако шпанскиот суд ги осуди водачите на сепаратистистите на затворски казни од десетина години поради обидот да прогласат независност во 2017 година./Makfax

Спонзорирано: