14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Африка ќе добие оружје од Русија во вредност од четири милијарди долари

Русија планира годинава да ѝ испорача на Африка оружје во вредност од четири милијарди долари, изјави синоќа генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев, на маргините на Самитот Русија – Африка, што вчера почна во Сочи.

Тој рече дека се работи за техника во воздухопловството и противвоздушната одбрана, оклопни возила, малокалибарско оружје и противтенковски ракетни системи.

Русија со оружје снабдува 20 африкански држави, меѓу кои Уганда, Руанда, Мозамбик и Ангола, а вкупната вредност на нарачаното оружје за оваа и следната година изнесуваа 14 милијарди долари./Makfax

Спонзорирано: