12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бангладеш: 16 лица осудени на смртна казна за убиство на 19-годишна девојка

Судот во Бангладеш денеска осуди на смртна казна 16 лица за убиство на 19-годишна девојка која била запалена жива, бидејќи пријавила сексуално вознемирување.

Смртта на Нусрат Џахан Рафи во април предизвика протести низ Бангладеш. Судскиот процес во областа Фени, на југоистокот на земјата, трае од јуни.

Меѓу осудените се наставникот на убиената девојка и нејзини тројца другари од медресата./Makfax