8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тора го повика Мадрид на разговор за самоопределување на Каталонија

Претседателот на каталонската влада, Ким Тора, денеска го повика официјален Мадрид на разговори за самоопределување на шпанската покраина, по неколкудневните масовни протести предизвикани од изречените затворски казни за сепаратистите од Каталонија.

Во телевизиско обраќање Тора го повика вршителот на должност премиер Педро Санчез да започне дијалог без услови, во кој каталонската влада ќе го брани своето право на самоопределување.

Шпанскиот премиер Санчез во понеделникот беше во Барселона, но не се сретна со Тора, кој неколку пати го покани на средба. Санчез не одговорил ниту на неговиот телефонски повик./Makfax