21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Голем пожар на градилиште на конгресен центар во Нов Зеланд, илјадници евакуирани

Голем пожар изби на градилиште на конгресен центар во Оукланд, поради што се издигна густ чад над вториот по големина град на Нов Зеланд. Властите издадоа предупредување за опасност по здравјето, а пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија.

Предупредувањето е издадено околу 13 часот по локално време, а доцна вечерта пожарникарите се уште не го ставиле пожарот под контрола, кој изби на покривот на конгресниот центар „СкајСити“, зграда голема колку четири рагби игралишта.

„Нема извештаи за евентуални жртви“ објави на Твитер управата на конгресниот центар, додавајќи дека персоналот навреме е евакуиран.

Овој градежен потфат вреден 452 милиони долари монетално е најголем проект во изградба на Нов Зеланд. На местото на избивање на пожарот, се наоѓаат 23 пожарникарски возила и се очекува дека пожарникарите ќе имаат работа цела ноќ.

Блокиран е сообраќајот, а граѓаните се советувани да се држат подалеку од местото на пожарот./Makfax

Спонзорирано: