17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Издадена досега необјавена песна на Принц

По повод 40-годишнината од вториот албум на легендарниот пејач Принц, едноставно наречен „Принц“, на „Јутјуб“ се најде досега необјавената негова песна I Feel For You.

Снимката е направена во зимата 1978-1979 година, во времето кога Принц се подготвувал за своето соло деби во театарот „Капри“ во северен Минеаполис, според веб-страницата на пејачот.

Комплетно продуцираната студиска снимка на синглот I Feel For You се најде на албумот „Prince“, кој беше објавен на 19 октомври 1979 година. Тој беше рангиран на 10-то место на листата „Билборд хот 100“ во 1984 година кога Чака Кан ја извела обработката на оваа песна на нејзиниот соло албум.

Објавувањето на новата акустична верзија на плочата доаѓа три години по смртта на Принц во април 2016 година од случајно предозирање со фентанил./Makfax