20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Помпео: Трамп е подготвен да употреби целосна воена сила против Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео. Кризата се создаде по турската офанзива во северна Сирија, каде се наоѓаат Курдите – тамошен сојузник на САД. Трамп одлучи да ги повлече американските трупи од Сирија, со што ги остави Курдите на цедило.

„Ние повеќе сакаме мир отколку војна“ рекол Помпео за Си-ен-би-си.

„Но во случај ако е потребна кинетичка акција (ауфемизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција, треба да знаете дека претседателот Трамп в целост е подготвен да преземе таква акција“, порача Помпео.

Трамп се најде на удар на критики поради неговата одлука да ги повлече американските сили од Сирија. Нивното повлекување овозможи упад на Турција во пограничната зона, при што загинаа над 120 цивили, наведува сириската „Опсерваторија за човекови права“.

Помпео одби да каже што е црвена линија, која би испровоцирала американска акција, нагласувајќи дека не сака да „истрчува пред одлуката на претседателот за тоа дали ќе преземе страотен потфат со користење американска воена сила“.

„Економска сила сме користеле и ќе користиме. Ќе користиме и свои дипломатски сили“, рекол Помпео.

Трамп вчера на состанок со новинарите рече дека САД никогаш не прифатиле доживотно да ги штитат Курдите. „Нема да избираме страна. Сами нека се борат“, рекол Трамп./Makfax

Спонзорирано: