13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде бранот насилни протести.

Војската и полицијата употребија солзавец и водени топови против демонстрантите и полициски час е воведен во поголемите градови. Вонредна состојба е веќе воспоставена во Сантијаго, а се проширува и во градовите од северот и југот на земјата.

Немирите, предизвикани од покачувањето на билетите за превоз, кое потоа го суспендираше владата, се проширија за да го отсликаат гневот поради трошоците за живот и нееднаквоста.

Во синоќешната изјава на телевизија претседателот Себастијан Пињара рече: „Ние сме во војна против моќниот непријател кој е подготвен да користи насилство без никакви граници“.

Во неколку градови демонстрантите запалија повеќе автобуси, кршеа во метроата и се судрија со полицијата. Поради немирите воведен е ноќен полициски час во областите Сантијаго, Валпараисо, Кокимбо и Биобио.

Во меѓувреме, вонредна состојба ќе се воведе ва Антофагаста, Валпараисо, Валдивија, Чилан, Талка, Темуко и Пунта Аренас, дозволувајќи им на властите да ја ограничат слободата на движење на луѓето и нивното право на собирање.

Претходно, како што јавуваат агенциите, три лица загинале во протестите во Чиле. Тие ги загубиле животите во пожар предизвикан во супермаркет. Двајца луѓе изгореле на лице место, а третиот починал во болница./Makfax

Спонзорирано: