10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на прилепското обвинителство, несреќата се случила утринава во 5 и 20 часот, кога воз удрил во автомобил „ауди“ во кој имало пет лица, колеги, кои патувале кон работното место.

„Утринава во 5.20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило ‘ауди’ во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две се здобиле со тешки телесни повреди“, соопштија од Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање.

Од Обвинителството информираат дека по извршено тестирање не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото. Дејствијата на јавното обвинителство, додаваат од таму, ќе продолжат со цел да се расчисти причината која довела до железничката несреќа./Makfax

Спонзорирано: