10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пронајдено оружје во куќа на жител на Копанце, тетовско

Автоматска пушка, пиштол и муниција биле пронајдени во куќа на жител на тетовското село Копанце.

Според информациите на МВР, вчера е приведен Б.З.(32) од с.Копанце,тетовско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,65 милиметри.

З.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот. Денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово./Makfax

Спонзорирано: