6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кинеската економија со најбавен раст во последните 27 години

На азиските берзи денеска цените на акциите паднаа, а акционерите ги загрижи податокот за најбавен раст на кинеската економија во последните 27 години. Поради ова, договорот помеѓу Велика Британија и ЕУ за уреден брегзит падна во втор план.

МСЦИ-индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот бил во минус речиси 0,2 отсто. На токиската берза „Никеи“ идексот зајакнал 0,3 отсто, а цените на акциите во Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја, Австралија и во Шангај паднаа помеѓу 0,1 и 0,6 отсто.

Азиските акционери ги поколеба податокот дека кинескиот домашен бруто-производ во третото тримесечје пораснал 6 проценти во однос на истиот период лани, што е послаб раст од оној што го очекуваа аналитичарите и е најбавен во послените 27 години.

Тоа покажува дека американско-кинеската трговска војна предизвика слабеење и на домашната и на странската потрошувачка./Makfax

Спонзорирано: