8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европол: Жените еднакво способни за криминал како и мажите

Жените се еднакво способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од интернет-страницата на најбараните жени бегалци во Европа.

Според соопштението на Европол, бројот на жени што се занимаваат со криминални активности се зголемил во последните децении иако темпото на овој раст е побавно од оној на мажите.

Како едно објаснување за овој тренд, Европол наведува дека е можно технолошкиот напредок и социјалните норми да ги ослободиле жените од домашната работа и да ја зголемат нивната застапеност на пазарот на криминал.

Во новата кампања на Европол, 21 земја членка избрала по еден од своите најбарани бегалци, чие лице е покриено со маска, а гледачите треба да го погодат полот на криминалецот додека делови од маската постепено исчезнуваат.

Целта е да се привлечат што е можно повеќе посетители на интернет-страницата.

Според Европол, податоците покажуваат дека криминалците од двата пола се барани за сериозни кривични дела, како убиство, трговија со дрога, измама, кражба и трговија со луѓе.

Европол ги повикува луѓето да обезбедат информации што би помогнале во пронаоѓањето на бегалците./Makfax