15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Венецуела доби место во Советот за човекови права на ООН

Венецуела е избрана за член на Советот за човекови права на Обединетите нации и покрај лобирањето од страна на САД, здружението за човекови права и ненадејното влегување на Костарика во натпреварот за место во тој совет.

Венецуела добила 105 гласови со тајно гласање на 193 земји членки на Генералното собрание.

Костарика добила 96 гласови, иако ја објавила номинацијата овој месец кога претседателот Карлос Алварадо Кесада изјавил дека „режимот на Венецуела не е прифатлив кандидат“, според британската агенција.

Костарика, Венецуела и Бразил се натпреваруваа за две места на 47-члениот Совет за човекови права, чие ново свикување започнува на 1 јануари.

Бразил доби втор тригодишен мандат со 153 гласови.

„Едноставно е несовесно дека оние што толку ги прекршиле човековите права, како режимот на Мадуро во Венецуела, да можат да имаат улога во Советот. Јас нема да се залагам за тоа, и ниту треба ООН“, рече американската амбасадорка во Обединетите нации, Кели Крафт, по гласањето.

Спонзорирано: