13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти. Полициските единици за сузбивање нереди истрелале пенест гас, додека демонстрантите палеле контејнери и автомобили во близина на одделот за внатрешни работи на регионалната Влада во главниот град на Каталонија.

Пожарот блокираше неколку улици. Демонстрантите претходно синоќа фрлаа ролни тоалетна хартија, порачувајќи дека има многу работи што треба да се исчистат.

Протестите почнаа во понеделникот, откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година./Makfax

Спонзорирано: