10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грците го добија својот прв крематориум

Во Грција е отворен првиот крематориум по неколкудецениско спротивставување на Грчката православна црква, која смета дека кремирањето е непочитување на телото.

Крематориумот се наоѓа во Рицона, оддалечена 80 километри од Атина, а е изграден од приватна компанија за четири милиони евра.

Сите претходни обиди на локалните власти во Грција да изградат нешто слично, вклучително и Атина и Солун, пропаднаа поради спротивставувањето на Црквата.

Крематориумот започна со работа и пред официјалното претставување пред јавноста, веќе се извршени 30 кремации.

Иако кремирањето беше легално во Грција уште во 2006 година, постапките не можеа да се водат заради спротивставувањето на Грчката православна црква.

„Црквата не прифаќа спалување на телото затоа што тоа е храм на Светиот Дух. Секој што искажува намера да се кремира го потврдува своето раздвојување од Црквата и затоа нема право на верски обред “, рече претходно Црквата./Makfax

Спонзорирано: