13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петер Хандке никогаш веќе нема да одговора на новинарски прашања

Австрискиот писател, годинешниот добитник на Нобелова награда, Петер Хандке имал непријатна средба со новинарите во родниот Грифен, поради што ја откажал планираната „кратка средба“ со претставниците на медиумите.

Ханке дошол во Грифен во текот на денот, но ситуацијата ескалирала на состанокот со претставниците на општините, на кој дошол со претседателот на Корушка, Петер Кајзер.

Спротивно на најавеното, со Кајзер дошле голем број новинари.

Хандке отпрвин одговарал на прашањата од новинарите, но кога почнале да го прашуваат за нападите во Германија поради освојувањето на наградата, тој се откажал од понатамошниот разговор.

„Јас стојам пред мојот влез и има 50 новинари, а сите ме прашуваат нешто, тие велат дека прочитале нешто од мене, дали знам што напишав … Прашуваат како реагира светот, реакција на реакција … Јас сум писател и оставете ме на мира. Не ми поставувајте вакви прашања“, им рекол Хандке на новинарите.

На крајот, тој рекол дека никогаш веќе нема да одговара на прашања од новинари, бидејќи тие не биле заинтересирани за неговите дела, туку само за политичките реакции на Нобеловата награда./Makfax

Спонзорирано: