3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Aвиокомпанија повеќе нема да им се обраќа на патниците со „дами и господа“

Обраќањето кон патниците со „дами и господа“ претставува дискриминација кон оние кои не се идентификуваат како припадници на една од овие две родови групи, така што во компанијата „Ер Канада“ одлучиле на патниците повеќе да не им се обраќаат на тој начин.

Вработените во канадската авиокомпанија ќе ја напуштат долгогодишната традиција за нарекување на патниците – „дами и господа“ и наместо тоа, на патниците ќе им се обраќаат со „сите“.

Причина за оваа одлука е поради тоа што некои луѓе имаат посложен став кон својот род и најверојатно се чувствуваат исклучени кога ќе го слушнат поздраво „дами и господа“. Покрај тоа, авиокомпанијата е прогласена за најдобар работодавец во поглед на националните разноликости во 2019 година.

„Работиме напорно на тоа сите вработени да се чувствуваат како ценети членови на семејтсвото „Ер Канада“, а истовремено сакаме и нашите клинети да се чувствуваат уважено и почитувано кога ќе одлучат да патуваат со нас“ се наведува во соопштението на компанијата.

Овој потег следи по претходна одлука да им се дозволи на патниците кога резервираат карта, да стават Х наместо М или Ж, како ознака за пол. Новите правила се воведени за да се обезбеди инклузивен простор за сите, вклучително и на оние ки се поистоветуваат со родот Х, велат од компанијата./Makfax