11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Путин пречекан со саудиски „ремикс“ на руската химна

За време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Саудиска Арабија, го дочекала „многу позната мелодија“ во изведба на саудискиот воен оркестар, шеговито пренесуваат руските медиуми.

Руските агенции дури и објавија видео снимка од правилно изведена руска химна и онаа верзија отсвирена од страна на саудискиот оркестар.

„Судејќи според неговиот израз на лицето, се чини дека рускиот претседател не можеше да се сети каде претходно ја слушнал таа мелодија“, напиша „Раша тудеј“ во својата објава на „Твитер“.

Во продолжение, слушнете го саудискиот „ремикс“ на оригиналната изведба на руската химна./Makfax