11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Прикажана монтиранa снимка од Трамп во која ги убива противниците

Графичко обработено и монтирано видео, во кое ликот на американскиот претседател Доналд Трамп пука и боде негови противници и претставници на медиумите во црква, беше прикажано на состанок на приврзаниците на Трамп во неговото одморалиште во Мајами, објави Њујорк Тајмс.

Во видеото, кое агенциите го опишуваат како пародија, лажниот Трамп го удира починатиот сенатор Џон Мекејн во врат, потоа ја удира во лице и ја убива телевизиската личност Роси О’Донел, ја пали главата на сенаторот Берни Сандерс и пука или напаѓа луѓе чии глави се заменети со логоа на медиумски куќи.

Видеото беше прикажано минатата недела на конференција во одморалиштето на Трамп во Мајами, пишува весникот, додавајќи дека американскиот претседател не бил таму.

Видеото го содржи логото на кампањата на Трамп за изборите во 2020. година, но портпарол од организацијата за реизбор за „Тајмс“ изјавил дека видеото не е дел од официјалната кампања и тие го осудуваат насилството прикажано на него./Makfax

https://youtu.be/SUfyrlhyQv0