17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Силен удар за криптовалутите на „Фејсбук“, од проектот се повлекоа „Мастеркард“ и „Виза“

Американските компании „Мастеркард“ и „Виза“ се повлекоа од проектот на „Фејсбук“ за издавање дигитални ризици на дигиталните валути.

„Виза“ и „Мастеркард“ во петокот најавија повлекување од „Либра асосиејшн“ придружувајќи му се на „Пејпал холдингот“, кој се откажа од „либра“ пред повеќе од една недела.

По нивните стапки тргнаа и „Ибеј инк“, „Страјп инк“ и латиноамериканската компанија за вршење исплати „Меркадо Паго“. Тоа значи дека проектот на „Фејсбук“ повеќе не е поддржан од ниту една голема финансиска компанија и дека шансите да израсне во глобален финансиски играч се сведени на минимум.

„Фејсбук“ ја најави „либра“ во јуни здужувајќи ги силите со 28 партнери, вклучително и „Мастеркард“, „Виза“, „Спотифај технолоџи“, „Пејпал“ „иБеј“, „Убер технологис“ и „Водафон груп“, во „Либра асосиејшн“, која требаше да управува со новата дигитална валута./Makfax