12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чавушоглу за „Њујорк тајмс“: Зошто Турција ја пресели борбата во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, за престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ напиша колумна со наслов „Зошто Турција борбата ја пресели во Сирија“, која беше објавена на 11 октомври годинава.

Турската амбасада во земјата достави превод од неа со цел состојбите да се расветлат и за нашите граѓани.

Во својата колумна турскиот министер објаснува дека разочарувачки е воената акција на Турција во североисточна Сирија да се толкува како да е напад врз Курдите, заслабување на борбата со остатоците на Исламската држава и наштетувачка врз кредибилитетот на Америка пред нејзините сојузници.

„Турција ја почна операцијата со цел да си ја обезбеди својата национална безбедност елиминирајќи ја опасноста што терористите ја создадоа во пограничините области. Оваа операција, Сиријците, кои живеат таму, ќе ги спаси од тиранијата на терористичките организации и ќе ја елиминира заканата против територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија. Овие две новини ќе го олеснат безбедното и доброволното враќање назад на Сиријците што беа принудени на иселување“, пишува Чавушоглу алудирајќи на курдските сили со скратеници познати како ПЈД/ЈПГ за кои вели дека се неразделен дел на Курдската работничка партија (ПКК) во Турција, која е призната како терористичка организација од страна на САД, Европската Унија и НАТО.

„Нашите американски соговорници изгледаше дека беа убедени дека овие сили треба да бидат извадени надвор од деловите блиски до нашите граници, дури и се согласивме за датумите. Од неодамна воените разговори во август резултираа со заемни заложби за обезбедување безбедна зона со што ќе се извади ПЈД/ЈПГ. Меѓутоа, САД ова не го резултираа со тоа што кај нас остави силен впечаток дека терористичката група се обидува да добие во време за уште повеќе да ја зајакне својата позиција во Сирија“, објаснува шефот на турската дипломатија додавајќи дека ПЈД/ЈПГ пред светот може да врши обид за да се претстави како група што војува против Исламската држава, но, како што вели тој, факт е дека обезбедува и експлозив на ПКК со копање тунели на турска почва.

Колку за потсетување, идеологијата на ПКК првобитно претставувала мешавина од револуционерен социјализам, курдски национализам и барање основа за независна држава во регионот познат како Курдистан.

Во колумната Чавушоглу им се обраќа и на оние што изразуваат загриженост за безбедноста на курдското население во Сирија.

„Би сакал да повторам и да нагласам дека борбата на Турција не е против Курдите. Нашата борба е против терористите. Презентирањето на состојбата како ‘Турците против Курдите’ е злонамерно и погрешно. Курдите не се наши непријатели“, објаснува тој.

Како што вели Чавушоглу, цел на турската офанзива „Извор на мирот“ е против терористичката структура што ПКК и ПЈД/ЈПГ заедно ја спроведуваат, каде што ги вооружуваат децата војници во области под нивна контрола, ја потиснуваат опозицијата, ја менуваат демографската структура и присилуваат на задолжителна воена служба.

„Ние како Турција веруваме дека го подготвуваме теренот за враќање на бегалците од Сирија во своите домови и обезбедуваме средина со што Исламската држава и другите терористички организации нема одново да се појават“, пишува тој во колумната за „Њујорк тајмс“.

На крајот турскиот министер додава дека наспроти погрешните перципирања што преовладуваат, верува дека акцијата ќе помогне за наслонување кон човечката димензија на проблемот, зачувување на интегритетот на земјата и ќе придонесе за нормални политички процеси./Makfax

Спонзорирано: