17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден, откако вчера качувајќи се по патека кон врвот на „Илинден“, се лизнал и паднал од карпа. Тој се искачувал заедно со уште петмина други планинари.

Повредениот планинар со хеликоптер бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола./Makfax