8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца повредени во судир на мотор и автомобил

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на регионалниот пат Струмица – с.Баница помеѓу мотоцикл управуван од Д.А.(28) од Струмица и автомобил „цитроен Ц4“, управуван од А.К.(75) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот С.Ф.(35) од с.Вељуса.

Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата./Makfax