10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата се распореди во Киев, се собираат националистите

Полицијата ги распореди силите околу украинскиот главен град, бидејќи екстремно десничарските и националистичките групи се собираат во знак на протест пред претседателот Володимир Зеленски и неговиот мировен план за источна Украина.

Со една минута молчење пред споменикот на Киев, Зеленски им оддаде почит на Украинците убиени во петгодишниот судир со сепаратистите поддржани од Москва.

Украинскиот претседател треба да ги посети и воените сили на исток.

Властите очекуваат десетици илјади луѓе на демонстрациите на националистите кои го одбележуваат Денот на одбрана на татковината.

Зеленски ги повика учесниците да избегнуваат насилство и предупреди за потенцијални провокации.

Демонстрантите се спротивставуваат на договорот за локалните избори во источна Украина, плашејќи се дека тоа ќе и даде премногу отстапки на Русија./Makfax

Спонзорирано: