20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црногорец се фрлил од мост и преживеал, па неколку часа од водата преговарал со полицијата

Маж на околу 50-годишна возраст преживеал скок од неколку десетина метри, од мостот „Блажо Јовановиќ“ кај Морача.

Како што пренесе „Независне новине“, тој неколку часа бил во реката и не дозволувал полицијата и припадниците на службите за зашита и спасување да му помогнат, а водата го носела низ Морача до другиот т.н. „Крив мост“.

Полицијата по неколку часа успеала да го убеди мажот да излезе од реката, по што тој бил пренесен на Ургентниот центар во Подгорица.

Од службата за заштита и спасување наведоа дека околу 7 часот утрово добиле дојава дека во реката Морача има маж кој треба да биде спасен. Тие веднаш излегле на терен, но мажот одбивал да соработува./Makfax