17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Секс скандал: Политичар снимен среде оргии со проститутки на јахта

Унгарскиот политичар Жсолт Боркаи се нашол во центарот на скандал кога биле објавени негови фотографии на кои е во друштво на неколку проституки, а испливале и снимки од секс меѓу него и една жена.

https://www.youtube.com/watch?v=143iCxSZn_Y

Имено, на еден блог почнале да се објавуваат текстови за градоначалникот на унгарскиот град Ѓер и поранешен претседател на Унгарскиот олимписки одбор. Унгарскиот новинар, Боркаи го обвинува за злоупотреба на моќта, корупција, користење на дрога и улуги од проституки.

После текстовите, следувале и снимки и фотографии.

На блогот „Адвокатот на ѓаволот“ откриено е дека станува збор за градоначалникот Боркаи, кој инаку е поранешен олимписки првак во гимнастика. Другиот човек е Золтан Рокосфалвиј, еден од највлијателните бизнисмени во Ѓер.

На интернет потоа се појавиле и сними и фотографии од патување со јахта по Јадранот, а се е снимено во близина на Дубровник. На нив се гледа дека градоначалникот и неговиот пријател биле со проститки. На една фотографија се гледа и сексот на градоначалникот со една од тие девојки, а видеото било објавено и на една од најпопуларните порно страници.

Боркаи се откажал од еден јавен настап и издал кратко соопштение:

„Лагите објавени за мене ги сметам за дел од циркусот на кампањата на опозицијата која има за цел да го сврти вниманието од сопствената неспособност“.