Вечерва и беше определен куќен притвор на Јасна Мандиќ, претседател на организацијата на Бојан Јовановски наречена Меѓународен сојуз.
Мандиќ е една од петмината осомничени во проширената истрага за случајот “Рекет” поврзана со исплатите и приливите на невладината Меѓународен Сојуз.
Обвинителката Вилма Русковска вечерва соопшти дека кај три лица вечерва бил вршен претрес, а за утре најави и дека ќе биде побарано продолжување на мерката притвор за осомничените Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоки Кичеец.