3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион на „Етиопијан ерлајнс“ принудно слета во Дакар

Патнички авион на „Етиопијан ерлајнс“ принудно слетал на аеродромот во главниот град на Сенегал, Дакар, неколку минути по полетувањето, соопшти портпаролот на аеродромот.

Тој рече дека авионот слетал откако се запалил моторот, истакнувајќи дека во инцидентот нема повредени.

Авиокомпанијата потврди на „Твитер“ дека авионот слетал неочекувано на меѓународниот аеродром во близина на Дакар. Компанијата истакна дека патниците се упатуваат на други летови./Makfax

Спонзорирано: