10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тетовец од домот на татко си украл над пет милиони денари

Тетовската полиција расчисти тешка кражба што ја пријавил 51-годишник од тетовското село Јанчиште на 6 октомври.

За кражбата се товари неговиот 25-годишен син за кого постои сомнеж дека во изминатите три недели од метална каса во домот одзел 5.199.000 денари.

Од МВР соопштија дека против 25-годишникот ќе биде изготвен соодветен поднесок./Makfax