22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Спасени 44 мигранти во Средоземното Море

Екипажот на шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ соопшти дека спасил 44 мигранти од дрвен чамец со кој по Средоземно Море патувале од Африка кон Европа.

Мигрантите биле лоцирани синоќа во територијалните води на Малта, 80 километри од италијанскиот остров Лампедуза.

Помеѓу 44 спасени мигранти 38 се мажи, четири жени, четиригодишно момче и едно бебе. Сите се во добра здравствена состојба./Makfax