20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Тинејџер од Берлин со стапала долги 35 см влезе во Гинис

Ларс Мотц има многу проблеми кога му требаат нови чевли, затоа што ова 16-годишно момче носи број 57 – и поради должината на стапалата, тој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Тој доби потврда од Гинисовата книга на рекорди дека има најдолго стапало меѓу сите машки тинејџери во светот.

Нозете му се долги околу 35 сантиметри.

„Повеќето чевли треба да бидат нарачани, чинат околу 1.200 евра за чифт“, рече неговата мајка.

Специјалните работни чевли за столарска обука чинат дури 1.800 евра. Уште од раѓање, Ларс го изненадил болничкиот персонал кога му измериле 9,5 см долги стапала, рекоа неговите родители./Makfax