13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

(Видео) Бугарска пејачка навредена што во филм со Џорџ Клуни користеле нејзина песна без нејзино знаење

Бугарската пејачка Валја Балканска е разочарана што искористиле нејзина песна без нејзино знаење во трејлерот за филмот во кој глумат Џорџ Клуни и Хју Лори.

Познатата бугарска песна „Излел е Делјо хајдутин“ се појави во трејлерот на американскиот филм Tumoroulend во 2015 година. Според пејачката, оттогаш никој не ја барал.

„Поминаа толку многу години и никој не ме бараше. Не се извинија. Никој не се сети на мене. Искрено, не сум изненадена, таква е човечката психологија. Многумина ја пееја, многумина ја украдоа, но мило ми е што бугарската песна ги освои и небото и земјата“, изјави Балканска за бугарските медиуми.

По појавувањето во филмот Tumoroulend и кога изби скандал поради песната, норвешкиот композитор Томас Бергенсен, кој беше задолжен за музиката на филмот објасни дека повеќепати се обидувал да стапи во контакт со бугарските организации и да открие дали може да ја користи песната.

Бидејќи никој не му одговори, композиторот мислел дека изведувачот на песната веќе починал. Според правилата, ако поминат 60 години од смртта на изведувачот, песната е ослободена од авторско право.

Бугарските медиуми објавија дека Бергенсен е подготвен да ѝ се извини на Балканска и да го реши прашањето за плаќање авторски права.

Пејачката изјави дека дури и по два месеца, никој не ѝ се јавил.

Спонзорирано: