27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Член на „Пинк Пантер“ во Сараево осуден на осум години затвор

Членот на меѓународната криминална група „Пинк Пантер“, Милосав Вешковиќ (41) е осуден на осум години затвор во Босна и Херцеговина, откако судот го прогласи за виновен за организиран криминал.

Покрај неговата затворска казна, Вешковиќ, заедно со уште двајца осудени мора да плати отштета на повредената Меѓународна банка Павловиќ во износ од речиси 900.000 евра, пренесува Klix.ba.

Како што објавија регионалните медиуми претходно, Вешковиќ склучил договор со Обвинителството на Босна и Херцеговина во кој признал дека е виновен за грабеж извршен на територијата на таа земја во замена за казна од осум години затвор.

Вешковиќ, кој покрај црногорско има и српско државјанство, со години се бара во БиХ како дел од истрагата против поголема криминална група позната како „Кукла“.

Вешковиќ со години беше недостапен за судството во БиХ, а беше екстрадиран од Хрватска во 2018 година откако отслужи тригодишна затворска казна во Лепоглава поради планирање грабеж во Загреб./Makfax