13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе се менува Законот за одбрана

На вчерашната седница министрите во Владата го разгледаа и утврдија новиот текст на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и донесоа одлука тој да биде доставен до Собранието на усвојување.

Законот за одбрана се менува и дополнува со цел да се усогласи законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, особено во сегментот на применливоста на членот 5 од Северноатлантскиот договор. Овој член ја уредува надлежноста на Владата за одлучување за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави, внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката./Makfax

Спонзорирано: