9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Активиран жолт метеоаларм за цела Босна и Херцеговина

Европскиот метеоролошки сервис „Метеоаларм“ за денеска активира жолт метеоаларм за Босна и Херцеговина. За регионите Бањалука, Бихаќ, Ливна, Сараево, Требиња и Тузла, издадено е предупредување поради количини на врнежи и грмотевици, додека за регионите Вишеград, Приједор и Фоча, издадено е предупредување за обилни врнежи.

Денеска се очекува облачно време со дожд, а во подрачјата над 1.500 метри надморска височина можни се снежни врнежи. Интензивни врнежи се очекуваат утре во утринските часови и претпладне, кога локално се можни и грмотевици.

Попладне врнежите во главно ќе престанат во Краина, Посавина и западните подрачја на Босна, а во останатите делови на земјата ќе има послаби врнежи.

Очекувани количини на врнежи во поголем дел од земјата, измеѓу 20 и 50, во Херцеговина локално и до 70 километри на час./Makfax