17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Аргентинскиот музеј на холокаустот презеде нацистички предмети

Музејот на холокаустот во Буенос Аирес ја презеде најголемата колекција нацистички предмети досега откриени во Аргентина.

Во 2017 година, аргентинската полиција и агентите на „Интерпол“ пронашле повеќе од 70 нацистички предмети скриени зад полица за книги во домот на колекционер, во рамки на истрагата за уметнички дела.

Меѓу пронајдените работи имало бисти на Адолф Хитлер, инструмент за мерење човечки глави заради утврдување на расната чистота и статуи на нацистичките орли со кукести крстови во нивните канџи. Предметите ќе останат во музејот на холокаустот сè додека не се заврши истрагата.

Поседувањето нацистички предмети во Аргентина може да биде нелегално ако се открие дека предизвикуваат расна или религиозна омраза во јавноста, иако приватно може да бидат дозволени.

Сè уште не е решено дали колекционерот го прекршил законот против дискриминација и досега е обвинет само за поседување на предмети од нелегално потекло.

Претпоставката на истражителите и аргентинската еврејска заедница е дека нацистите ги донеле овие работи по Втората светска војна, кога таа земја станала засолниште за некои од најозлогласените воени злосторници./Makfax

Спонзорирано: