14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Си-ен-ен: ФБИ регрутира руски шпиони преку oгласи

На подрачјето на градот Вашингтон, Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) објавува огласи на „Фејсбук“, кои се чини дека се осмислени да регрутираат руски шпиони, како и оние што се запознаени со нивните активности, објави Си-ен-ен.

Новинарите на Си-ен-ен забележале неколку огласи со таа цел. Еден содржи фотографија од една млада дипломатка со семејство, а освен тоа, на руски се вели: „За твојата иднина, за иднината на твоето семејство“.

Друг оглас покажува слика на шаховска табла со текст на руски јазик: „Зар не е сега на тебе ред да направиш потег?”

Огласите водат до веб-страницата на ФБИ Вашингтон, во која на англиски и руски јазик се дадени детали за тимот за контраразузнавање и адресата на теренската канцеларија на ФБИ. На страницата се вели: „Посетете нè лично“, пренесува Index.hr.

„Можеме само да коментираме дека Русија има голем број разузнавачки службеници стационирани во руските дипломатски објекти во целиот свет. Тие се многу активни и претставуваат безбедносен ризик за САД и нашите сојузници“, рече Ален Е. Колер, агент на ФБИ, за Си-ен-ен./Makfax

Спонзорирано: