14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина не потпишала ништо на состанокот во Минск

Шефот на Комисијата за надворешни работи во украинската Врховна рада (парламент), Богдан Јаременко, тврди дека Украина не потпишала ништо на крајот од вчерашниот состанок на Контакт-групата во Минск, на која беше одобрена т.н. Штајнмаерова формула за доделување посебен статус на Донбас.

„Вчера никој не потпиша ништо“, објави новинската агенција УНИАН, цитирајќи го Јаременко на Фејсбук.

„Претставникот на Украина во групата, Леонид Кучма, писмено го извести претставникот на ОБСЕ, Мартин Сајдик дека Украина е задоволна со формулата одобрена од помошниците на лидерите на Нормандиската четворка во Минск на 1 септември 2019 година“, објасни тој.

Јаременко исто така истакна дека владата во Киев не планира да ги напушти своите принципи, вклучувајќи го интегритетот и суверенитетот на Украина, како и правото на Киев да ги толкува Договорите од Минск на свој начин.

На состанокот во вторникот, сите членови на Контакт-групата за спогодба во Источна Украина ја потпишаа Штајнмаерова формула, изјави за ТАСС извор близок до преговорите. Според изворот, Кучма го потпишал документот одобрен претходно од помошниците на лидерите на Нормандиската четворка. Претставниците на Русија, републиките во Донбас и ОБСЕ исто така го потпишаа документот.

Формулата требаше да биде потпишана на претходниот состанок на Контакт-групата на 18 септември, но украинската делегација во последен миг одби да ја потпише формулата која беше одобрена претходно.

Спонзорирано: