17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Порошенко изјави дека со Џулијани разговарал само за инвестиции

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави денеска дека во 2017 година разговарал за инвестиции со адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, но дека не разговарал со ниту еден од американските службеници за украинските компании.

Порошенко, кој сега е пратеник во украинскиот парламент, им рече на новинарите дека Украина не сака да биде вовлечена во американскиот политички процес, пренесува АП.

Според него, тој пред две години се сретнал со Џулијани како со „пријател на Украина“ и разговарале за политичка поддршка и инвестиции.

Тој исто така рече дека со Доналд Трамп, со поранешниот претседател Барак Обама и со претседателскиот кандидатот на демократите Џо Бајден не разговарал за комерцијални компании.