4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијанците го бараат Црногорецот обвинет за кражба на дијаманти во вредност од 7 милиони евра

Судот во Венеција издаде потерница за подгоричанецот Горан Перовиќ (55), член на организирана криминална група, која од Дуждевата палата украла дијаманти и накит во вредност од седум милиони евра, сопственост на катарскиот шеик Хамад бин Абдула ал-Тани.

Весникот „Дан“ пишува, повикувајќи се на италијанските медиуми, дека Перовиќ во моментот е во Србија и е надвор од дофатот на италијанските власти, јавува ЦДМ.

Судот во Венеција веќе ги осуди државјаните на Хрватска што учествувале во грабежот, и тоа со поостри казни отколку што побара обвинителството.

Кражбата е извршена за време на изложба на накит и други вредни предмети на индиски артефакти од приватната колекција на катарскиот шеик Хамад бин Абдула ал-Тани.

Адвокатот на Перовиќ смета дека неговиот клиент не може да се смета за бегалец бидејќи нема конкретни докази дека тој има сознанија оти добил притвор во Италија.