20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватска двојка во Австрија со измама користела социјална помош 2 години

Австриските медиуми пренесуваат за случај со измама во кој се вмешани државјани на Хрватска. Се работи за 74-годишен маж и неговата 71-годишна сопруга, кои примале социјална помош поврзана со постојан престој во Австрија, а всушност изминатите две години живеат во Хрватска.

Како што се наведува, мажот својот престој го пријавил во австриското место Леобен-Донавиц во Штаерска, но таму воопшто не се појавиле во период од 2017 до 2019 година.

Во истиот период примал додаток на својата инвалидска пензија, но тој додаток се добива за живот во Австрија.

Австриската полиција одлучила да поднесе пријава против Хрватот објаснувајќи дека имаат докази оти не живеел во Австрија, туку во Хрватска. Тој се товари за измама во износ од повеќе илјади евра, колку што добил како додаток преку пензијата во изминатите две години.