14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Конгресот го смени претседателот на Перу, граѓаните протестираат

Перуанскиот претседател, Мартин Вискара наложи распуштање на Конгресот, но пратениците се огласија по неговата наредба и изгласаа негова суспензија поради што на земјата ѝ се заканува најголемата политичка криза во последните две децении, оценуваат светските агенции.

„Ројтерс“ наведе дека пратениците од опозицијата кои го контролираат Конгресот изгласале Вискара да го замени потпретседателот, Мерцедес Араоз.

Вискара ги обвини членовите на Конгресот дека ги блокираат антикорупциските реформи што тој настојува да ги спроведе.

„Правиме историја што идните генерации ќе ја паметат. Се надевам дека ќе ја разберат големината на оваа борба што денес ја водиме против ендемското зло кое нанесе голема штета на нашата земја“, изјави Вискара во националното обраќање.

Во меѓувреме, пред зградата на Конгресот, се собраа приврзаниците на претседателот кои ги повикуваат пратениците да ја напуштат зградата.

На улиците е забележан голем број на припадници на полицијата кои се опремени за сузбивање на демонстрации.