11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лукашенко му порача на Путин дека нафтата не им е најквалитетна

Тензиите и новите скандали ја натераа Белорусија да бара алтернативни добавувачи на нафта. Идејата не е нова – Лукашенко претходно даде налог за купување гориво на светскиот пазар. Во моментов Минск ја разгледува опцијата за испорака од заливските држави. И сето тоа заради тоа што Лукашенко не може да преговара со Москва.

Како резултат на тоа, Русија би можела да загуби пазар од 20-25 милиони тони во Белорусија.

Според Лукашенко, земјата е принудена да бара алтернативни опции за снабдување со гориво, вклучително и заради даночниот маневар во нафтениот сектор кој беше воведен во Русија.

Покрај тоа, Лукашенко истакна дека руската нафта од Урал не е најквалитетната на светот.

Во исто време, шефот на државата ја признава енергетската зависност на Белорусија од Русија, но не ја смета за критична.

„Тоа не е катастрофа денес. Даночниот маневар нè научи на тоа“, рече Лукашенко.