13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Скандалот „Рекет 2“ не смее да мине без оставка на Дончев и Филипче

Скандалот „Рекет 2“ не смее да мине без оставка на директорот на ФЗОМ, Ден Дончев, и без оставка на министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа е најмалку што треба да се случи за колку толку да се има доверба во истрагата по поднесената кривична пријава, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ден Дончев и Венко Филипче лажеле, манипулирале, бркале светски гигант во здравството да не инвестира во Македонија, само и само за лични цели. И Ден Дончев сè уште е директор на Фондот и може да уништува докази, да влијае на сведоци, може да рекетира, може да уценува, може да тргува на сметка на здравјето на луѓето. И сè уште Венко Филипче министерува по сета девастација на здравствениот систем, а сега и со вмешаност во кривична пријава, случајот ‘Рекет 2’“, рече тој.

Оставки, додаде тој, се потребни за да има целосна вистинска и кредибилна истрага што ќе одговори на следните прашањата: дали зад намерата во „Рекет 2“ на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во Струмичко, дали во „Рекет 2“ Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески – Кичеец, дали преку Кичеец во „Рекет 2“ е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во Струмичко, зошто ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал, кој е благајникот со брада во Струмичко во „Рекет 2“, дали во „Рекет 2“ е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање, дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен во „Рекет 2“ не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по година дена, дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, дали го аминувал, односно зошто не го пријавил „Рекет 2“ кај Рускоска и дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за „Рекет 2“ од странски дипломат и во тој случај зошто тоа го пријавил случајот кај Рускоска?

„Без нивни оставки, барем од морални причини, со право може да се верува дека и ‘Рекет 2’ се случувал со аминување од Зоран Заев. Тој ниту сега не бара оставки од нив, од Ден Дончев и од Венко Филипче. Ова е доказ дека Заев и државната мафија немаат намера за спречување на криминалот. Ова е доказ за се залудни и лажни сите партиски декларации морални причини. ‘Рекет 2’ не смее да мине како ‘Леонардо’ – Рашковски уште е генерален секретар, да мине како ‘Рекет 1’ – ги нема парите, ги нема Фрики, Кики, Шеки, Зоки Поки, не смее да мине како случајот ‘Тополки’- пола година заглавен во лавиринти додека Анѓушев си тера бизнис. Сè додека Ден Дончев раководи со Фондот, a Филипче со министерството, сè до тогаш нема да се открие имало ли изнуда на пари, месечни транши и пат до Струмица ‘кај благајникот со брада’“, праша Стоилковски.

Спонзорирано: