12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Танкерот „Стена имперо“ се соочува со обвиненија и покрај финализираното ослободување

Укинувањето на заплената на танкерот „Стена имперо“ е финализирано, но танкерот сепак се соочува со обвиненија, напиша на„Твитер“ портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, пренесува „Спутник“.

„Укинувањето на мерката против ‘Стена имперо’ беше финализирано денес, но истрагата за некои прекршувања и нанесени штети на животната средина останува отворена. Сопственикот и капетанот на бродот писмено се обврзаа да ја прифатат одлуката на судот во овој поглед“, напиша Мусави.

Претходно денеска Ерик Ханел, претседателот на „Стена булк“, компанијата која е сопственик на танкерот, изјави за „Ројтерс“ дека тие сега само чекаат да се заминат стражарите од танкерот и тој да добие дозвола за пловидба.

Претходно неделава иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бајединеџад, рече дека танкерот би можел да добие дозвола за пловидба откако ќе се решат одредени правни проблеми.

Подоцна шефот на Одделот за пристаништа и поморска организација, Мохамед Растад, изјави дека налогот за заплена на „Стена имперо“ е укинат и танкерот минува низ постапка за да го напушти пристаништето во Бандар Абас.