27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдено телото на ексдиректорот на естонската „Данск банк“

Поранешниот извршен директор на банката „Данск банк“, кој се наоѓаше во сред скандал за перење пари во вредност од 200 милијарди евра, пронајден е мртов во Естонија, соопшти локалната полиција, пренесе „Финеншл тајмс“

По дводневна потрага за Аивар Рехе, кој во Естонија управуваше со банката „Данск банк“ од 2006 до 2015 година, полицијата го пронашла неговото тело во неговата куќа во градот Талин. Полицијата претходно соопшти дека постои можност дека 56-годишниот Рехе да извршил самоубиство.

Државната телевизија ЕРР објави дека сè упатува на тоа дека извршил самоубиство.

Естонската „Данск банк“ се наоѓа во една од најголемите афери за перење пари во историјата, во која во последните десет години преку банката поминале околу 200 милијарди евра сомнителни пари од Русија, Молдавија и Азербејџан.